ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 лажица путер + 25гр стопен путер, за полевање
* 1 кафена чаша млеко
* 5 компири
* сол по вкус
* 20гр пармезан
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Ги лупиме и ги сечеме компирите на парчиња. Ги вариме во солена вода, а потoа ги цедиме.
- Ги гмечиме компирите и кон нив го додаваме путерот и млекото.
- Мешаме добро и ставаме сол по вкус.
- Ставаме во соодветен сад за печење и полеваме со стопениот путер. Печеме во рерна на умерена температура (180-120 степени) околу 15-20 минути.
- Поросуваме со рендан пармезан, па желба ставаме и малку магдонос и сервираме.
