Еспадрилите датираат уште од праисторијата, бидејќи ѓоновите од јута и воопшто, ѓоновите изработени од природни материјали биле единствениот можен избор во тоа време.
Сепак, препознатливата форма која сите ја знаеме денес ја добиле во 13-ти век во Шпанија и биле обувки кои ги носеле работниците па полека се проширувале низ светот, сè додека еден моден визионер не добил идеја да им додаде потпетици.
Ив Сен Лоран е човекот на кого треба да му заблагодариме за иновативниот дизајн и популарноста која тие ја добиле.
Еспадрилите се омилените обувки на голем број луѓе токму заради нивната практичност и удобност.
Ова лето, како и секое претходно, тие се повторно во мода.
Во продолжение погледнете ги најубавите еспадрили за ова лето и обидете се да се воздржите и да купите само еден пар.






