Мојата кујна

Направете Тирамису за само 30 секунди!

Еден од најпопуларните кувари на денешницата ни претставува рецепт за тирамису во чаша кој можете да го подготвите за неверојатни 30 секунди, а можеби и побрзо.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 35гр шеќер во прав

* 225гр маскарпоне

* едно лажиче екстракт од ванила

* 4 лажичиња бренди или некое друго десертно вино

* 170мл слатка павлака

* 4 пишкоти

* 225мл јако кафе

* рендано чоколадо

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Најнапред измешајте ја слатката павлака и шеќерот. Посебно измешајте го маскарпонето, виното и екстрактот од ванила. Потоа соединете ги двете смеси.

Пишкотите потопете ги во кафе, наредете ги во чаша и полиете ги со смесата. Врз смесата изрендајте чоколадо.

Уживајте!

Погледнете како тоа го прави Гордон Ремзи…

Write A Comment