Доколку не консумирате доволно зелен листест зеленчук, житарки и мешунки, голема е веројатноста да спаѓате помеѓу оние кои патат од витаминот кој често го занемаруваме, а кој е многу важен за зајакнување на имунолошкиот систем, плодноста, намалување на холестеролот и сл.
Станува збор за витаминот Е, на кој треба да обрнеме поголемо внимание.
Имено, студијата на прехранбената комнапија PLoS One ги проучувала податоците од претходните студии спроведени во програмата National Health and Nutrition Examination Survey, при што се открило дека речиси 90 проценти од луѓето во 20-тите години, како и 70 проценти од луѓето во 30-тите години не внесуваат доволно витамин Е.
Важноста од овој антиоксиданс е повеќекратна – го зајакнува имунолошкиот систем (особено е силен во борбата против настинките и грипот), ја спречува оксидацијата на незаситените масни киселини, витамините А и Ц, го намалува холестеролот, помагаат во лечење на тумори, срцеви заболувања, а исто така придонесува за зајакнување на потенцијата и влијае на плодноста.
Недоволната количина на витамин Е може да биде виновна за неплодност, што е важна информација особено за луѓето во 20-те и 30-те години, кои сакаат да имаат деца.
Добро е да знаете дека доколку не јадете претерано обработена храна, веројатно добивате доволно витамин Е.
Најдобри извори на овој витамин се зелениот листест зеленчук, житарките, мешунките, семињата, нерафинираните билни масла, особено сончогледовото, потоа јајцата и јаткастото овошје, како што се бадемите и кикириките.
