Art & Crafts

Трикови за чистење на шпорет: без гребнатини и оштетувања во само 6 чекори!

Шпоретите со рамни плочи се повеќе се гледаат во кујните, а за домаќинките што ги користат нивното чистење може да биде вистински предизвик.

Чувствителната стаклена површина е склона кон гребење, особено ако се користат абразивни крпи и силни средства за чистење. Оттука, откриваме  многу едноставен и брз начин, во само шест чекори, како да го исчистите  шпоретот со рамна плоча без да го оштетите.

Пред да почнете да го исчистите шпоретот, проверете дали е исклучен и отстранете ги трошките од  храната што останале од готвењето за да можете полесно да ги исчистите тврдокорните дамки.

Следете ги овие 6 чекори :

  1. Садот наполнете го со топла вода, истурете го детергентот – направете пена
  2. Над шпоретот ставајте сода бикарбона
  3. Натопете ја крпата во чинијата со детергент, исцедете го, но нека биде влажна
  4. Натопената крпа ставете ја над шпоретот со сода бикарбона и почекајте 15 минути
  5. Потоа избришете го шпоретот со влажна крпа и отстранете ги остатоците од нечистотијата со сунѓер
  6. Ако имате шпорет што се сеосетливи на допир, избегнувајте ги поради сензорите.

Write A Comment