
Во последните години, јогата е една од најважните форми на вежбање и постигнување на внатрешен мир, а покрај тоа што не ослободува од стресот, добра е и за нашето физичко здравје.
Целта на јогата е да стекнете свест за себе и за своето тело. Јогата не учи да го слушаме своето тело и да почувствуваме кога му е потребен одмор, да научиме да се ослободиме од стресот.
Кога ќе почувствувате дека вашето тело има потреба од одмор, јогата нуди безброј можности да се истегнете и ослободите.
Јогата е погодна активност за сите, без оглед на полот и годините.
Јога тренингот не е тип на тренинг кој ќе ве измори, туку од тренингот ќе излезете полни со енергија.Само 10 минути јога дневно, може многу да ја подобри вашата здравствена слика, а особено позитивно влијае врз болката во грбот и правилното држење.
Јогата претставува и техника за правилно дишење, што помага да се ослободиме од стресот.
Јогата го зајакнува нашиот организам, не ослободува од токсини и ја подобрува флексибилноста на нашето тело.
