Дали знаевте дека влажните марамчиња можете да ги направите дома? И тоа со помош на едноставни и лесни рецепти и состојки кои секако ги имате во својот дом.
Состојки:
2 дл. вода
2 лажици детска купка
1 лажица бебешко масло
ролна кујнска хартија
Постапка
- Исечете ја хартијата на половина.
- Измешајте ја водата, купката и маслото во чаша.
- Во поголем сад ставете половина хартија и истурете ја подготвената течност. Оставете ги покриени околу десет минути додека хартијата не ја апсорбира течноста.
- Откријте го садот и внимателно отстранете ја картонската ролна од средината. Така ќе го извлечете и првото влажно марамче, а остатокот само ќе следи.
Ваквите влажни марамчиња можете да ги чувате во затворен сад околу една недела.
