
Извонреден сочен куглоф, портокал, ореви, чоколадо, што има подобро од ова.
Состојки:
- 3 јајца
- 120 грама шеќер
- 2 кесички од ванилин шеќер
- 100 грама остро брашно
- 180 гр мелени ореви
- 1 прашок за пециво
- 30 грама какао
- 100 грама чоколадо за готвење
- 60 грама џем од сливи
- 100 мл масло за готвење
- 350 мл сок од портокал
- изрендана кора од еден портокал
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете ги сите останати состојки, (чоколадото растопете го). Истурете ја смесата во куглоф намачкан со масло и набрашнет со брашно и печете на 165 степени 40 минути.



