
Доколку сакате крем чорби испробајте го овој рецепт за брза и вкусна крем чорба од компири!
Состојки:
- 1 кг компири
- Малку свеж магдонос
- Целер
- Главица кромид
- 500мл вода
- Сол и бибер
- Малку сланина
- 2 лажички путер
Подготовка:
Излупете ги и измијте ги компирите и пресечете ги на мали коцки. Направете го истото со кромид, целер и магдонос. Стопете го путерот на слаб оган, потоа додадете го кромидот и динстајте го додека не пожолти. Потоа додадете целер и магдонос и динстајте уште 5 минути. На крај додадете го компирот и динстајте уште 5 минути со редовно мешање. Доставете вода и варете додека компирот не омекне.
Кога компирот ќе биде готов, додадете слатка павлака и варете 2 минути, а потоа отстранете го тенџерето од оган. Изблендирајте ја супата со стапчест блендер за да добиете фина кремаста текстура.
Исечете ја сланината на коцкички и пропржете ја во тава без масло. Едноставно ставете ја на повисока температура и сланината ќе ослободи маснотии во кои ќе се испржи убаво. Посипете ги парчињата сланина над чорбата и сервирајте ја.
