Чоколаден колач од само 3 состојки!
Ова е најдобриот и наједноставниот чоколаден колач. Чоколадно совршенство!
Погледнете го и видеото со рецептот:
Состојки
- 700 гр нутела / 400 за бисквитот, 300 или повеќе за кремот)
- 3 средни јајца
- 90 гр брашно (половина остро, половина мазно)
Подготовка
Се меша нутелата и јајцата и се додава брашното. Печете 15-20 минути во загреана рерна на 180 степени. Изладениот бисквит премачкајте го со нутела. Поделете го на половина, а потоа префрлете ја едната половина врз другата (прикажано во видеото).
Уживајте!
