Уживајте!
Кеопсовата или Куфу пирамида е дефинитивно најголемата пирамида, единствената која е зачувана од седумте чуда на античкиот свет.
Оригинално таа беше висока 146,5 метри, а денес има 138,8 метри. Нејзиниот градител, фараонот Куфу, познат под грчкото име Кеопс, ја градел, според мислењето на египтолозите, околу 20 години – помеѓу 2509 и 2483 п.н.е.
Во пирамидата има бројни коридори и ходници и три огромни комори, а секако најпозната е Големата галерија, најголемата просторија досега откриена во неа.
Благодарение на 3D видеото на BBC, имаме можност виртуелно да прошетаме низ цврстите камени блокови и да ги откриеме скриените премини и простории.
