Состојки:
- 25 гр. маргарин
- 30 гр. шеќер
- 6 јајца
- 1 ванилин шеќер или неколку капки екстракт од ванила
- 130 гр. брашно
- 250 гр. чоколадо со 60% какао (може и 70%)
Подготовка:
Измешајте го маргаринот со шеќерот, додадете 6 цели јајца, мешајте со миксер, додадете ванилин шеќер, брашно и растопено чоколадо за готвење. Добро подмачкајте ги и набрашнете ги калапите за суфле, со лажица ставете од смесата во нив и печете на 200 °C ,(рерната мора да се загрее претходно) точно 11 минути. Ако имате метални калапи за мафини, намалете го времето на печење на 9 или 10 минути.

Печени оставете ги во калапите, точно две минути на решетките, тогаш нежно со нож одвојте ја смесата од ѕидовите на калапот и префрлете ја на десертна чинија.

Послужување:
Во смесата, според вашиот вкус, можете да додадете ликер Bailey’s или можеби лажица рендани пржени лешници …
Послужете со изматена слатка павлака и декорирајте со свежо овошје. Уште подобро е ако имате сладолед од ванила.
Ако сакате да го испечете овој колач, а немате калапи за суфле, не е важно, одлично ќе послужат и шољите за кафе или малите теглички со рамни страници или метални калапи за мафини.
Важно е да знаете дека металните калапи се малку посилни и во нив побрзо се пече, па затоа треба да го скратите времето на печење во нив, барем за минута или две!
