Подготовката на оваа совршена пита е едноставна, а нејзиниот вкус сите го обожаваат!

Состојки:
- 300 гр спанаќ
- 5 јајца
- 5 лажици брашно
- 5 лажици гриз
- 200 гр сирење
- 5 лажици пченкарно брашно
- 100 мл млеко
- 250 гр мелено месо
- сол бибер
- 100 мл масло
- црвен пипер
- 1 главица кромид
- 1 прашок за пециво
Подготовка:
Пропржете го кромидот на масло, додадете го меленото месо и пропржете го. Додадете бибер, сол, малку црвен пипер.
Спанаќот измијте го и исчистете го, потоа попарете го со врела вода и процадете го. Изматете ги јајцата и додадете брашно, гриз и пченкарно брашно со прашокот за пециво и сол.
Измешајте, потоа додадете го спанаќот, млекото, масло и издробеното сирење и мелено месо. Се мешаат сите состојки и истурете ги во подмачкано тавче и печете на температура од 200 степени, 45-50 мин. убаво да порумени.
