
Доколку ги следите трендовите, тогаш сигурно ве интересира кои модели на капути ќе бидат хит за оваа сезона. Досега сме сигурни за три модели кои ќе ја одбележат престојната зима, а можно е некои од овие капути веќе да ги имате во гардероберот, бидејќи станува збор за модните класици .
Беж капут
Беж капутот е апсолутен моден хит веќе неколку години наназад и веќе има статус на моден класик, кој одговара со секој outfit за кој што ќе се одлучите и на секој ваш стајлинг му дава доза на луксуз.
Кариран капут
Карираниот дезен оваа сезона е на врвот на популарноста, а се очекува да доминира и на зимските капути. Можно е ваков капут веќе да имате во гардероберот, бидејќи овој дезен е исто така и дел од модните класици. Најпопуларниот капут од овој тип е во неутрална нијанса како што е сивата.
