
Кога изнајмуваме стан, нормално е тоа што сакаме да го претставиме во најдобро светло за потенцијалните нови станари.
Од чистење и уредување на ентериерот, до декорацијата и самата атмосфера во него, постојат многу фактори кои можат да влијаат врз неговата цена.
Genevieve Gorder е вистински професионалец кога станува збор за недвижен имот, но исто така и за уредување на домови за изнајмување.
За среќа, таа одлучи да ги сподели со нас трите најважни совети кои можат да ни помогнат подобро да поминеме на пазарот, но и да останеме запаметени како некој што навистина има стан за пример и цена што одговара.
Светла, лесна основа
Прво правило за изнајмување? Сè мора да биде неверојатно чисто и уредно. Кога ќе ја отворите вратата, домот мора да мириса, да изгледа и да се чувствува чистота.
За да се постигне овој прв впечаток, Gorder предлага бели ѕидови и светол мебел или навлаки.

Инвестирајте во добра декорација за кревет и во самиот кревет
Ако вашиот дом е убав, но креветот отстапува од овој изглед и изгледа страшно со евтини прекривки, никој нема да дојде кај вас повеќе, се шегува Genevieve. Како да започнете со преуредувањето?
Инвестирајте во добри прекривки, навлаки и декорација во облик на перници.
Оставете подароци за добредојде
Малите нешта оставаат голем впечаток и воопшто не мора да бидат скапи. Тоа може да биде шише вино или храна што е автентична за вашиот крај.
Кога некој патува, а потоа доаѓа по долго патување во изнајмен стан, тој сигурно сака да се чувствува малку како дома, што значи некоја храна и сок.
Подгответе се за сето ова и не заборавајте за свежо цвеќе кое дополнително ја разубавува и релаксира атмосферата.
Сето ова може суптилно да му даде до знаење на лицето што го изнајмило станот дека е дома, а не во хотел.
