
Состојки
- 200 гр Speculaas бисквити (божиќни бисквити)
- 100 гр крем сирење
- 1 лажичка арома од ванила
- 100 гр чоколадо (темно или млечно)
- 1 лажица кокосово или обично масло
Подготовка
Сомелете ги бисквитите и измешајте ги со сирењето. Додадете арома од ванила и замесете ја смесата со вашите раце. Обликувајте топчиња и ставете ги да се ладат 30 – тина минути.
За ова време, растопете го чоколадото и маслото и изладените топчиња потопете ги во глазурата и оставете ги повторно да се изладат.
Украсете ги по желба.
Од оваа количина на состојки, се добиваат 15 топчиња со големина на Rafaellо.

