
Мирисен препарат за кој вашата кожа ќе ви биде благодарна.
Зимата е време кога цитрусот го има во изобилство.
Покрај тоа што имаат пријатен освежувачки мирис на портокал, во грејпфрутот и лимонот се кријат многу од својствата кои би и се допаднале на вашата кожа.
Сокот од лимон може да помогне во регулирањето на мрсната кожа, да ги осветли флеките и пегите од сонцето и да го изедначи тенот.
Високиот процент на витамин Ц е важен за избелување на кожата, освен во лимоните, нормално, го има и во портокалите и грејпфрутот, кој исто така го стимулира производството на колаген и ја зајакнува фиброзната структура на кожата.
Нивните овошни киселини помагаат да се отстранат мртвите клетки на кожата и го прават лицето нежно и сјајно.

Затоа, нема причина да не го пробате природниот пилинг од цитрус, кој може да се користи по целото тело.
Потреби состојки:
- неколку лажици сува кора од непрскан портокал, лимон или грејпфрут
- Базно масло (бадемово или маслиново масло)онолку колку е потребно за да се направи густа паста
- една лажица каша од јачмен
- 6 капки есенцијално масло од цитрус (портокал, грејпфрут, мандарина, лимон)
Иситнете ја кората од портокал и лимон во блендерот. Измешајте ја добиената смеса со останатите состојки додека не добиете паста, а потоа ставете ја во сад.
Пилингот користете го двапати неделно или по потреба и уживајте во моќта на цитрусот.
