Ако планирате да патувате некаде оваа година, оваа информација ќе ви биде од голем интерес.

Lonely Planet ја објави својата годишна листа на најдобрите туристички дестинации за годината што следи, а оваа листа ја составуваат целиот тим на уредници, истражувачи, локални жители и таканаречени инфлуенсери.
Еве што велат, кои се главните дестинации за 2019 година.
Топ десет градови:
- Копенхаген, Данска
- Шенжен, Кина
- Нови Сад, Србија
- Мајами, САД
- Катманду, Непал
- Мексико Сити, Мексико
- Дакар, Сенегал
- Сиетл, САД
- Задар, Хрватска
- Мекнес, Мароко
Топ десет земји:
- Шри Ланка
- Германија
- Зимбабве
- Панама
- Киргистан
- Јордан
- Индонезија
- Белорусија
- Сао Томе и Принсип
- Белизе
Lonely Planet, исто така, направи листа на најекономични дестинации, и на прво место е долината на Јужен Нил, по што следат Лоѓ во Полска, Националниот парк Great Smoky Mountains во САД, Малдиви, Хјустон (САД), Аргентина, Бангладеш, Албанија, Еквадор и Словенија.
Каде би сакале да патувате оваа година?
