
За време на сезоната на венчавки, секоја венчавка е проследена со некои обичаи и ритуали.
Бидермаер на венчавката
Еден од задолжителните ритуали е оној кога невестата го фрла бидермаерот преку рамото при церемонијата на склучување на бракот.
Се верува дека девојката која ќе го фати букетот ќе биде среќна во љубовта и набрзо ќе се омажи.
Корените на овој обичај потекнува од далечното минато кога се сметало дека невестата носи среќа, во што се верува и ден денес, но не во толку голем размер.
Венчаница
Во средновековна Англија, венчаниците не биле толку скапи како што се денес и се сметало дека венчаницата им носи среќа на немажените девојки, па немажените гостинки буквално би ја искубале невестата, односно нејзниниот фустан, за и тие да се венчаат наскоро.
Важноста на подвезицата на венчавката
Со цел невестите да ги избегнат допирите на гостите и кинењето на фустанот, тие фрлале подвезици.
Меѓутоа, подоцна подвезиците се заменети со букети од цвеќиња. Симболиката е убава, бидејќи цвеќето ја означува плодноста во скоро сите култури.
Благодарение на овој умен трик навиката за допирање на невестата и нејзиниот фустан исчезнала.