
Ова се компири од рерна за „десетка“!
- 1,5 кг компири
- 1/2 л павлака за готвење
- 2 дцл млеко
- 1 дцл масло за готвење
- 1 кесичка супа од печурки
- бибер, сув зачин, магдонос
- кашкавал по желба
Излупете ги компирите и исечете ги на кругови. Зачинете со бибер и сув зачин и добро измешајте.
Изматете ја супата од печурки во киселата павлака, да нема грутчиња, додадете го млекото и маслото и конечно сецканиот магдонос.
Наредете го компирот во тепсија, прелејте со преливот и печете во рерната на 200 степени околу 40 минути.
Одозгора нарендајте кашкавал и вратете го во рерната да се пече уште околу 10 минути.
