
Прочитајте. И споделете со оние што ги сакате. Денес е вистинскиот ден за такво нешто.
Ви ги носиме најубавите цитати за семејната љубов. Прочитајте, запомнете … и сетете се на нив следниот пат кога еден од вашите најблиски ќе ве вознемири.
„Најважните нешта на светот се семејството и љубовта“, вели Џон Вуден.
„Среќно семејство е рај во кој пристигнувате порано“, Џорџ Бернард Шо.
„Многу нешта можат да не променат, но започнуваме и завршуваме со семејството“, Ентони Брент.
„Семејството е ремек-дело на природата“, Џорџ Сантајана.
„Одите низ животот прашувајќи се за што всушност се работи, но на крајот сфаќате дека сè е во семејството“, Род Стјуарт.
„Не можете да го изберете семејството, тоа е дар од Бога за вас, како што сте вие Божји дар за нив“, Дезмонд Туту.
„Семејството е компас што нè води. Инспирација за достигнување на незамисливи височини и утеха кога повремено паѓаме“, Бред Анри.
„Семејството не е важно, семејството е сè“, Мајкл Џ. Фокс.
„Семејството е врска со минатото и мост кон иднината“, Алекс Хејли.
„Семејството значи дека никој нема да биде оставен и заборавен“, Џорџ Бернард Шоу.
„Семејството е појас за спасување во бурното море на животот“, Џеј Кеј Роулинг.
„Силата на семејството, како и силата на војската, се темели на лојалноста на нејзините членови“, Марио Пузо.
„Кога сè оди по ѓаволите, тука е семејството“.
