Со топло млеко – прекрасна вечера!
Можат да стојат неколку дена, затоа слободно направете малку повеќе за да имате вкусна ужинка или закуска со чај.
Состојки:
– 100 гр шеќер
– 100 гр путер
– две големи јајца, изматени
– 400 гр брашно
– половина лажица сода бикарбона
– една лажичка цимет
– половина лажичка мускатно оревче
– една четвртина лажичка каранфилче
– 50 мл млеко
– сушено овошје и јаткасти плодови, по избор (урми, кандирани вишни, брусница, портокал, ананас, ореви, пекан)
– 50 мл бурбон или сок од портокал
Подгответе ја рерната, нека се загрее до 180 степени. Изматете ги во една чинија путерот и шеќерот. Додадете ги јајцата и бурбонот, и изматете сè заедно да биде кремасто.
Во посебен сад, измешајте ги „сувите“ состојки. Измешајте ги со мешавина од јајца, изматете и додадете млеко на крајот ако треба да биде поретка смесата.
На самиот крај, додадете ги сувото овошје и јаткастите плодови по желба. Многу е убава комбинацијата на кандирани цреши, ананас и ореви, но можете да користите било какви плодови!
Со лажица ставајте топчиња на хартијата за печење и ставете ги да се печат 15-20 минути, се додека целата куќа не замириса!
Колачињата треба да бидат крцкави од надвор, но меки од внатре.
Пријатно!
