Овој препарат ќе ви овозможи беспрекорен тен.
Овој пилинг длабински ја чисти кожата, ги отстранува мртвите клетки и другите нечистотии од површината на кожата, ја стимулира циркулацијата и го спречува создавањето на мозолчиња.
Куркумата во Индија е исто така наречена и жолто злато, бидејќи е еден од најскапоцените и најлековитите зачини во светот.
Рецепт за пилинг
Две лажички куркума измешајте со неколку капки вода и нанесете ги на лицето и вратот. Оставете ги да делуваат 20 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.
Жолтата боја на куркума ќе му даде убав сјај на лицето, а по пилингот потребно е добро да се исплакне лицето за да не останат жолти дамки.
Рецепт за маска
Ако сакате маска, додадете половина лажица мед во смесата и наместо вода, користете млеко за да добиете паста. Оставете ја маската на лицето 15 минути, а потоа исплакнете.
