Ако вашиот сакан ве изненади со веренички прстен, но никако обичен и едноставен, туку оној чиј камен е во боја, мора да сте се запрашале какво значење има токму таа боја.
Погледнете какво значење има жолтиот, синиот, кафеавиот и зелениот камен.
Доколку штотуку сте запросени, вашата задача е да им го покажете вереничкиот прстен на пријателките и идните деверуши, но исто така и да дознаете што значи бојата на каменот на вашиот прстен.
Избравме четири бои на камења за вас, а можеби токму вие имате еден од нив на вашиот веренички прстен.

- Жолт камен
Со извонредна златна нијанса, жолтиот камен симболизира безвременска и совршена љубов. Во поинаква форма, прстенот со жолт камен е специјално дизајниран за да задоволи сечиј вкус.
Тој е примарно импресивен и уникатен, и совршен за жените кои се оптимисти и полни со ентузијазам.
- Син камен
Огнот и јасноста на синиот камен ја симболизираат љубовта, посветеноста и силата. Оваа боја на каменот често е многу модерна боја, која има за цел да ја прикаже убавината на самиот прстен и убавината на жената.
- Кафеав камен
Оваа боја на камен симулира стабилност, хармонија, практичност и сигурност. Совршено им стои на жените кои се практични и сакаат едноставен прстен, но не премногу забележлив.
- Зелен камен
Прстените со зелен камен се многу ретки. Тие укажуваат на заедничка љубов кон природата и земјата, а со тоа се и вечен симбол на љубовта и посветеноста кон природата, но исто така и еден кон друг.
Постои во различни форми, но и нијанси. Тие се уникатни и посебни, исто како и жената која го носи.
