Кога луѓето ќе се разделат нивните раскошни домови сведочат за љубовта што ја имале.
Вилата во Беверли Хилс, каде што живееле за време на бракот, Бред Пит и Џенифер Анистон е во продажба и може да се купи за цена од 56 милиони долари.
Таа била изградена во 30-тите години, има речиси 1.115 квадратни метри, 4 спални соби, теретана, базен, тениски терен и кула.
Луксузната вила се наоѓа на имот од 4800 квадратни метри, дизајнирана е од архитектот Валас Неф од Холивуд, а првично била изградена за актерската двојка Фредерик Марч и Флоренс Елдриџ.
Парот куќата подоцна ја продаде на богатата наследничка и филантроп Валис Аненберг која ја продаде на адвокатот Кен Зифирен.
Во 2001 година Џенифер и Бред ја купиле куќата за 13,1 милиони долари, ја реновирале и инсталирале топол гранитен под во кујната, приватен простор за прикажување на филмови и дрвен под во бар собата увезени од 200 години стариот замок во Франција.
Сегашниот сопственик Џонатан Брукс ја купи куќата во 2006 година, кратко време по разводот на парот и направил промени, како што се тениско игралиште и посебен дел за гости.
Внатрешноста на вилата е украсена со чисти линии, со големи прозорци и темни подови, во неутрални тонови и камени површини низ куќата.
Во пространата главна дневна соба има прозорци кои достигнуваат од подот до таванот со поглед на дел од дворот со базен и елегантен камин од мермер, што и дава топлина на собата.
Соблекувалната е доволно голема за 20 луѓе, а кујната е украсена со убави црни и бели плочки, мермерни полици и импресивен шпорет.



