Дознајте ја вистината за енергетските тоници, супер “овошните“ сокови и водата со витамини
Енергетски пијалаци – Обично полни со шеќер и кофеин, овие пијалаци ќе ве наполнат со енергија во текот на денот или ноќта.
Вистина: Може да предизвикаат несоница, нервоза, раздразливост, вознемирување во желудникот, па дури и срцебиење. Наместо тоа, пијте чај или кафе.
Вода збогатена со витамини – Ќе ви даде повеќе енергија, ја подобрува меморијата или го зајакнува имунолошкиот систем.
Вистина: Најчесто тоа е вода со шеќер и некои витамини, минерали и засладувачи. Доколку мислите дека ви недостасуваат витамини, прескокнете ги овие пијалаци и земете мултивитамини.
“Овошни“ пијалаци – Соковите направени од егзотично овошје се преполни со антиоксиданси и други хранливи состојки кои ќе ви помогнат во борбата против болки во зглобовите, срцеви заболувања, рак и многу повеќе.
Вистина: Да, тие имаат антиоксиданси – но исто така имаат и соковите од портокал и грозје. Плус, многу од овие сокови содржат шеќер или сируп од пченка. Само изберете ги оние кои содржат 100% овошен сок и пијте ги во умерени количини.
Ладен чај – Полн е со антиоксиданси за борба против болести, што го прави поздрав од газираниот сок.
Вистина: Луѓето кои пијат чај, особено зелен, можеби имаат помал ризик од мозочен удар, помалку проблеми со меморијата и одредени видови на рак, веројатно благодарение на антиоксидансите. Меѓутоа, со текот на времето антиоксидансите може да се распаднат, па затоа е подобро да направите свеж чај. Чаевите во шишиња обично се збогатени со многу калории. Совет: сами подгответе си чај.
Диетални пијалаци – Газираните пијалаци и чајот со вештачки засладувачи се популарни, бидејќи обично немаат или имаат многу мало количество калории.
Вистина: Иако нема ништо лошо во тоа да пиете вештачки пијалаци, сепак тие не се добар избор за диета, бидејќи можат да ве потсетат на вкусот на шеќерот, што би можело да ја зголеми вашата желба за јадење блага храна.
