Дворот на куќа во Холандија каде љубителите на цвеќе би се чувствувале како во рајот.
Би било убаво сега да се прошетате низ овој двор полн со убави цвеќиња и да се напиете кафе во тој амбиент како од бајка.
Ова идилично место се наоѓа во Холандија, каде растат најубавите бујни лалиња, а во овој двор се особено волшебни. Тие убаво се вклопуваат со други видови цвеќиња и растенија кои опкружуваат симпатична дрвена куќа со шармантни сини капаци на прозорците.
Сè заедно прави совршено хармонична слика, место каде што секој љубител на цвеќе и дрвени куќи би се чувствувал како во рајот.
Ако некогаш добиеме шанса да одиме на ова прекрасно место, можеме само да кажеме – оставете нè тука!







