Џенифер Анистон ја изненади јавноста со признанието дека размислува да го напушти Холивуд.
„Морам да признаам дека во последните две години такви мисли ми поминуваа низ глава , што никогаш порано не ми се случило“, рече Анистон и додаде дека по соработката со Риз Витерспун во серијата “The Morning Show” во 2019 година, таа интензивно размислувала за да се откаже од својата актерска кариера.
„Тоа се случи откако завршив со снимањето и кога помислив дека сето ова е многу исцрпувачко и дека веќе не е за мене“, откри актерката.
