Free zone

Сигурно ги имате во вашата кујна: Овие два зачини ќе го забрзаат вашиот метаболизам

Храната која ја консумираме игра клучна улога во регулирањето на нашиот метаболизам, процесот со кој нашето тело го претвора она што го јадеме и пиеме во енергија. Добро функционалниот метаболизам е од суштинско значење за одржување на здрава тежина и ниво на енергија.

Зачините со векови се користат не само поради нивниот вкус, туку и поради нивните лековити својства. Современите истражувања ја поддржуваат идејата дека одредени зачини можат да играат клучна улога во метаболичкото здравје.

Докторката Сара Бонза, открила уште два такви зачини:

Ѓумбир

„Еден зачин за кој е откриено дека има позитивен ефект врз метаболизмот е ѓумбирот“, вели д-р Бонза за SheFinds. Ѓумбирот содржи gingerol, биоактивно соединение со термогени својства што може да го забрза метаболизмот и да го промовира разградувањето на мастите.

Покрај тоа, ѓумбирот придонесува за здраво варење и може да ја намали надуеноста и непријатноста. Со додавање на ѓумбир, на пример, во овесната каша, можеме да уживаме во вкусот додека соединенијата во зачинот истовремено го поттикнуваат метаболизмот и придонесуваат за слабеење.

Куркума

Куркумата е позната по своите антиинфламаторни својства, но има и метаболички придобивки. „Куркумата има соединение наречено куркумин кое има антиинфламаторни својства. Куркуминот, исто така, потенцијално може да помогне во регулирањето на отпорноста на инсулин и составот на масното ткиво во телото, што е важно за метаболизмот“, забележува д-р Бонза. Вклучувањето на куркума во нашите оброци може да го подобри вкусот и да помогне во регулирањето на метаболизмот.

Write A Comment