Потребни состојки:
- 100 г мелени ореви
- 100 г мелени бисквити
- 2 кесички ванилин шеќер
- 250 мл слатка павлака
- 50 г гриз
- 2 лажици мед
- 600 мл млеко
- 30 мл коњак

Начин на подготовка:
Ставете ги млекото, ванилиниот шеќер и гризот во тенџере на оган. Варете сѐ додека млекото не зоврие. Тргнете го и оставете го да се олади. Откако ќе се излади, ставете ги оревите, медот, коњакот и мелените бисквити. Матете со миксер сѐ додека не се добие хомогена смеса. Матете ја павлаката со миксер додека не се добие убава пена. Во садот со павлаката додадете ја смесата и помешајте ги. Оставете ја во фрижидер 1-2 часа. Сервирајте во чаши за сладолед и декорирајте со рендано чоколадо.
Пријатен апетит!
