Здраво тело

Се плашите од ќелавост?

Опаѓањето на косата до 70 влакна дневно е нормално за мажите, но може да биде и прв знак за губење на косата. Доколку сте маж на возраст помеѓу 20 и 45 години и забележувате зголемено опаѓање на косата, тогаш веројатноста е 95% дека во наредните неколку години ќе почнете да ќелавете.

Паѓањето на косата започнува со првата фаза во која влакната стануваат многу тенки и светли, а потоа стануваат се поретки. Кај повеќето мажи тогаш и темето станува помрсно. На овој начин, се губи целата коса или на различни делови, а најчесто на врвот на главата. Таканареченото “високо чело” почнува да се појавува помеѓу 25 и 30 години, а кај мажите се смета за природен и вообичаен изглед.

Ќелавоста ја предизвикуваат машките хормони, па затоа поретко ги зафаќа жените. Жените се исто така во предност поради нивниот хормон естроген кој штити од ќелавост.

Причините за ќелавоста се пред сè генетски, но можат да бидат и други фактори, како на пример земање одредени лекови, неправилна работа на штитната жлезда, неухранетост, разни болести, операции и пост оперативни состојби, хемотерапија, стрес и нагло слабеење.

Некои мажи воопшто не се оптоваруваат со ова и ја сфаќаат ќелавоста како споредна работа, но други би направиле сè што можат за да не доживеат ќелавост, па купуваат скапи препарати или бараат помош од лекари.

Можности за лечење

Доколку доволно рано посетите дерматолог поради опаѓањето на косата, тој може да го успори или за одредено време да го стопира нејзиното опаѓање. Што порано започнете со третман, толку се поголеми шансите за успех. Постојат и третмани со помош на лекови, но и хируршки. Лековите кои се користат се миноксидил, финастерид и антиандрогени хормони. Антиандрогените хормони спречуваат машкиот хормон да се врзе за косата и да ја ослабе, а финастеридот го претвора тестостеронот во дихидротестостерон.

 

Write A Comment