Здраво тело

Играјте тетрис

Според наодите на истражувачите од “Mind research Networks”, играњето на Тетрис ја зголемува ефикасноста на мозокот и здебелува дел од мозочната кора што укажува на зголемување на мозочната маса а со тоа и зголемување на менталната активност.

Тестовите биле направени врз 2100 испитаници во период од три месеци,а резултатите биле неочекувано позитивни. Имено 100 проценти од испитаниците покажале неверојатно зголемување на мозочната активност, а со тоа е степенот на интелигенција и снаоѓање во неверојатно тешки ситуации кои предходно им биле тешки за решавање.

Според објаснувањето на еден од истражувачите, докторот Рекс Јунг, студијата е направена за да се види дали менталните вежби навистина ја зголемуваат дебелината на кортексот односно сивата мозочна маса.

Ова би ја објаснило претходната забележана зголемена ефикасност на мозокот кај оние кои претежно се занимаваат со ментални работи.

Зголемувањето на сивата маса значи дека со помалку труд ќе ја завршиме задачата за која е задолжен овој дел од мозокот.

Тоа може да се спореди, со посилен процесор на компјутер.

Студијата докажува и дека досегашното мислење дека масата на мозокот неможе да се развива, е грешна, бидејќи со стимулација таа расте.

Write A Comment