Овој модел на Јагуар е суперавтомобил произведен во соработка со “Tom Walkinshaw Racing” од 1992 до 1994. Го држеше рекордот за најбрза сериска кола (350 km/h) се до 1995.
Овој модел има 3.5 литарски V6 тркачки мотор, надополнет со дупли Garrett T3 турбополначи, кој создават моќност од 550 КС. Овој мотор беше првиот V6 мотор во историјата на Јагуар.

Јагуар XJ220 беше инстант хит, станувајќи автомобил од соништата на голем дел од машката популација, а меѓу купците на овој модел се и Елтон Џон и Султанот од Брунеи.

