Според многумина смеењето е пола здравје. Човек што се смее е среќен човек. Смеењето го намалува стресот и позитивно влијае на вашиот организам. Но постои едно големо НЕ за вештачкото смеење. Имено тим на Германски психолози утврдија дека вештачката насмевка и тоа како лошо влијае врз здравјето, последиците се можеби и непооравливи истакнува директорот на студијата Дитер Зап.
Студијата се однесувала за насмевката која најчесто може да се види на лицата кои работат професии кои налагаат постојано да бидат насмеани. Тука влегуваат работниците во услужните дејности, стујардесите, луѓето на шалтер и …
“Доколку сте принудени да му се насмевнувате на секој потенцијален купувач или клиент, навистина може да ја поттикнете депресијата. Препорачувам на сите „професионални Насмевнувачи често и редовно да се одмараа и на тој начин да се ослободат од насобраниот негатив кој го прозиведуваат со вештачкото смеење. Препорачувам искрена насмевка доколку е возмажна” – смета професорот Дитер Зап.
