ШоуБиз

Кети Пери ја шминкале цели 7 часа! За да изгледа како стара баба :)

Кети Пери одлучила да им овозможи на своите фанови да ѕирнат позади сцената додека се снимал нејзиниот спот за песната „The One That Got Away“.

27-годишната пејачка, за потребите на спотот беше преправена во збрчкана старица. Во видеото се гледа приказната за еднаш изгубената љубов и жалењето по неа.

Кети признава дека трансформацијата траела и по седум саати,  а шминкерите внимавале на секој детаљ. За шминкер бил најмен Домини Тил кој исто така работел и за потребите на филмот „Lord of the Rings“.

–          Процесот на шминкање беше тежок. Траеше многу долго и многу луѓе беа вклучени во постапката.

Инаку, оваа песна доживеа огромен успех и моментално се наоѓа на првото место на листата на Билборд 100.

Write A Comment