Еве ви уште една мотивација да се држите до одлуката да го доведете своето тело во совршена состојба во новата година. Ирина Шајк е девојка по која паѓа секој маж и на која би ѝ љубоморела секоја женска.
Руската убавица на сликите рекламира долна облека за германската компанија „Lascana“, а нејзината сексуалност уште повеќе се потенцира со црно-црвениот градник и француските жартери. Нејзината фигура е без маана, рамен стомак и извајано тело.
Неодамна таа изјави дека обожава да оди на шопинг и тоа сама, за никој да не ја брза. Додава и дека девојките имаат голем натпреварувачки дух кога станува збор за освојување на нечие машко срце. Сепак, признава дека нема многу додворувачи.
– Можеби сум премногу зафатена, но можеби и се плашат од мене! – вели таа.



