Коктелот од тропски принтови, силни бои и мазни и лесни материјали на креаторот Масимилијано Џорнети е идеален за појавување на црвениот тепих. За гламурозен, секси и елегантен изглед со новите креации на модната куќа “Ferragamo”, доволно е да изберете сандали со високи, тенки потпетици.
Инспириран од фантазиите и тропските мотиви, но размислувајќи за црвениот тепих, креаторот храбро ги избра тропските тонови и истакна дека боите за следната летна сезона се сите нијанси на виолетова, тиркизна и црвена.










