Музичката дива Арета Френклин се свршила на дури 69 години. Нејзиниот долгогодишен партнер Вилијам Вилкерсон ја побарал за жена за време на празниците, а сега размислуваат ова лето да направат и свадба на Мајами. Кралицата на соул музиката би сакала мала свадба на приватна јахта.
– Не, не сум трудна, – се нашалила познатата пејачка.
Арета размислува и кој да ја креира нејзината венчаница. Дали тој дел од свадбата ќе ѝ го довери на Вера Ванг или на Валентино и Дона Каран сеуште не се знае. Ова на Арета ќе ѝ биде трет брак по ред, а од досегашните два брака има четири деца.
Откако во 2010 година водеше битка со ракот, сега вели дека се чувствува одлично. Доста ослабела и се довела во одлична форма.
