Ако нашата исхрана има рамнотежа и баланс, со пет мали оброци дневно, од кои два овошна ужина, немаме да имаме апетит за благо. Најчесто потребата за благо се јавува кога немаме редовни оброци.
Малите количини на фруктоза кои се наоѓаат во зеленчукот и овошјето е прифатливо. На пример, кога ќе изедеме чаша сецкан домат внесуваме во телото 2,5 грама фруктоза за телото да ја искористи како шеќер. Црниот дроб од фруктозата почнува да прави масти и ги носи во крвотокот во вид на триглицериди. Тоа значи дека оние со зголемени триглицериди, дебели и оние кои имаат метаболички синдром и масен црн дроб, мораат да бидат внимателни со слаткото.
За деца
На децата не им се потребни повеќе од две чаши овошен сок дневно. Докажано е дека децата често развиваат благ облик на зависност од слатките напитоци, што прави зголемен ризик за здебелување, а во некои случаи и хиперактивност.
25 грама чоколадо дневно е доволно за енергија на детето. Претераното земање шеќер доведува до нерамнотежа во организмот и секогаш потреба за шеќер во големи количини.
За возрасни
Се смета дека идеалниот вид на црна чоколада, интегрален кекс со чоколадо или сушено овошје, овошен јогурт, бадем, лешник, сува смоква но само ако се јадат во време измеѓу 16 и 18 часот.
Безалкохолните пијалоци, овошните сокови, засладената лимонада и ледениот чај заменете ги со вода, сок од зеленчук и незасладен чај.
