ШоуБиз

Џејсон Деруло си го скршил вратот!?

Џејсон Деруло ќе треба дефинитивно да се одмори од пробите за неговата турнеја во 2012 година. Тој е принуден да ја направи оваа пауза од причина што случајно си го повредил вратот на една од пробите за идната турнеја.

–          Си го повредив вратот правејќи акробации за претстојната турнеја. Секогаш се трудам да ги поместам границите само за ВАС. Ви се допаѓа мојот нов околувратник? 🙂 , – напишал Џејсон на својот Твитер и воедно ставил и слика како лежи со протеза на вратот.

Инаку, Џејсон е оптимист и баш пред новата година пишуваше колку е восхитен за тоа што го очекува оваа година на професионално поле.

По повредата, Деруло ќе продолжи да вежба за да го претстави најновиот албум „Future History“, но со повеќе внимание.

Write A Comment