Ви прикажуваме еден образец на размислувања кои работите ги прават (многу ) полоши.
1. Навики од кои треба што побргу да се ослободите
Повторувањето е мајка на мудроста. Освен кога се работи за некој проблем, недоразбирање или расправија. Немојте постојано и постојано да го вртете проблемот во глава како стара плоча. Истражувањата покажаа дека всушност таквиот начин на размислување е карактеристичен за жените.
2. Зошто е тоа лошо
Затоа што така не постигнувате подлабок и подобар, пообјективен и сеопфатен увид во работата – туку проблемот се зголемува и тешко решлив. Освен тоа, подлабоко ви се врежува во сеќавањето. Тоа е како кога во отворена рана намерно втријувате сол за да проверете дали сè уште ве пече. Пече, пече. Затоа треба да ја измиете, избришете и да ја оставете да зарасте. Кога сте под стрес, негативните размислувања и сеќавања побргу навираат па моментната ситуација ќе ја проценете од негативен аспект. Тоа ќе ве донесе до уште поголем стрес, а со тек на време и до депресија.
3. Како да престанете да го правете тоа
Прво за кое треба да станете свесни е фактот дека, додека сте под интензивен (постојан ) стрес, не сте во состојба да присебно, објективно и свесно да донесете одлука или да го решете проблемот. Според тоа , најдобро би било да се откажете од таа намера. Но тоа е многу лесно да се каже отколку да се направи. Избројте до десет, вдишете воздух, издишете и напишете плусови и минуси за ситуацијата во која се наоѓате. До решение ќе дојдете подоцна. Кога ќе преспиете.
