Направете вкусна вечера која одлично оди со чаша вино…
Потребни состојки:
4 парчиња пилешки стек
2 јајца изматени со ¼ чаша млеко или вода
1 чаша лебни трошки
¼ чаша маслиново масло
2 чаши доматен сос
моцарела
¼ чаша пармезан
Подготовка:
Стекот потопете го во јајцата со мелко, а потоа во лебните трошки. Потоа убаво извалкајте го во пармезанот. Испржете го така што ќе добие златно-црвеникава боја. Откако ќе го извадите од маслото ставете го во сад за печење а одозгора наредете моцарела. Потоа стекот ставете го да се запече.
Во чинијата за сервирање ставете шпагети. До нив ставете го стекот кој ќе го прелиете со доматниот сос.
