ШоуБиз

На Мадона под итно ѝ треба партнер :)

Мадона открива дека не би сакала да го поминува својот живот сама.

–          Не сакам да живеам сама. Го обожавам фактот што сум мајка, децата ме исполнуваат на повеќе начини и ме инспирираат, но ми треба партнер во животот. Сметам дека повеќето луѓе така се чувствуваат, – изјавила пејачката.

–          Никогаш не сум живеела конвенционално, па би било глупаво одеднаш да почнам да носам  конвенцинални одлуки, – додава таа.

Мадона признава дека никогаш не ѝ било во план да се гледа со толку помлади дечковци, но едноставно судбината ја однесла натаму.

–          Едноставно се случи. Тоа е романтичното во мене, сретнав некој кој ми значи и не ми е гајле колку години има тој, – завршува Мадона.

Write A Comment