Нека не ве чуди ако некогаш легнете во кревет и никако не ве фаќа сон. Можеби сте изеле нешто што може да го наруши сонот и покрај големиот умор.
Затоа треба да внимавате на вашата храна, особено на онаа која ја јадете пред да си легнете.
Сокот од вишни се препорачува за мирен сон. Покрај сокот може да јадете капини, малини, сладок компир.
Пред спиење може слободно да јадете младо сирење, јогурт, кисело млеко, овесни снегулки…
Избегнете го кафето, чајот и секој пијалок кој содржи одредена доза на кофеин. Не јадете зачинета храна, таа знае да го поремети вашиот сон.
