Убавина

Неколку make up трикови кои секоја жена треба да ги знае

Едноставно е да се соочите со уморот, сувата кожа, сувите усни… Потребо е само да ги познавате овие трикови и се ќе биде полесно.

За да го прикриете уморот во очите

Не е доволно само да ставате пудра за да прекриете уморот на лицето. Црвенилото во очите ќе ве издаде. Затоа имајте моливче за очи кое е во беж боја, тоа најдобро ќе го прекрие црвенилото.

За сенката да не се собира на капакот

За овој чест, а неубав изглед има и решение. Најнапред, пред да ја ставите сенката за очи исчистете ја целата маснотија од очниот капак. Потоа ставете пудра, но и камена пудра. Таа ќе служи како подлога која нема да дозволи сенката да се собира во една линија.

Големината е важна

Ако имате мали очи, а сакате да постигнете визуелно зголемување тогаш заборавете на темните сенки. Ставајте светли сенки во повеќе нијанси. Потемните нијанси ставајте ги на краевите на очите извлекувајќи со четката кон веѓите.

 

Write A Comment