Прекрасна синергија на вкусот на портокал, ванила и карамела во кремаст десерт кој со сигурност ќе го привлече вашето внимание. Лесно за правење, прекрасно за очи, вкусно до бескрај и совршен за уживање по убава вечера со пријателите.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За ванила крем
2 јајца (жолчки)
50 грама шеќер
1 ванилин шеќер
1 Шлаг пена
60 грама Желатин
1 портокал
ПОДГОТОВКА НА КРЕМОТ:
Ставете го желатинот во вода да набабри. На пареа измешајте ги жолчките и шеќерот, кога ќе добиете компактна маса тргнете ги жолчките од оган. Направете шлаг од шлаг пената, во него дадете ја претходно изренданата кора од портокал. Од портокалот исцедете сок и задно со ванилиниот шеќер ставете ги на оган нека повријат додека не се стопи шеќерот.
Измешајте ги сите состојки со жица за матење додека не добиете компактен крем.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За карамел кремот
60 грама шеќер
1 децилитар слатка павлака
Малку вода
ПОДГОТОВКА:
На карамел кремот
Ставете го шеќерот во сад на оган и постојано мешајте додека не се карамелизира сиот шеќер. Шеќерот треба да добие темно-златна боја (не смеете да го изгорите бидејќи ќе горчи). Откако шеќерот ќе се карамелизира пополека додадете ја слатката павлака. Варете додека сиот карамелизиран шеќер не се стопи и не добиете средно густ крем.
Карамел кремот оставете го да се олади половина час.
Во чаша за мартини ставете ред крем од ванила ред крем од карамела. Земете лажица и малку промешајте за да добиете интересна форма од 2 крема.
Вкусот е неверојатен!!!
Уживајте!!!
