Време е на вируси, настинки, па затоа време е да го зајакнете имунитетот.
Но, ако тоа не ви успее следните совети веројатно ќе ви помогнат за тоа, како да изгледате добро, дури и кога не се чувствувате така:
Нанесете хранлива крема на лицето – зимно време нашето лице полесно се суши, а обоено доколку сме настинати.
Обидете се аромотерапија – различните природни мириси може да го поправат расположението и да ви помогнат да се чувствувате подобро.
Негувајте ги усните – испуканите усни го расипуваат целиот впечаток, затоа купете добар балсам.
Внимателно бирајте ги нијансите на сенките – сенките може да ви помогнат да го сокриете вашиот замор, но само ако се одлучите за вистинските бои. Изберете неутрални, ладни и бои на ванила.
Потрудете се околу вашата фризура – масна и неуредна коса, говори многу повеќе отколку што можете да замислите.
