Овој класичен десерт за прв пат е направен во 1961 година во Њу Орлеанс.
Потребни состојки:
– 50 гр маргарин
– 1 шолја шеќер
– цимет
– 4 банани
– ¼ шолја рум
– ½ табла чоколада
– 100 гр чоколадни трошки
– сладолед од ванила
Подготовка:
Излупете ја бананата и пресечете ја на половина по должина , а потоа пресечете ја и попречно. Маргаринот исецкајте го на ситни парчиња, и чоколадата искшете ја на коцки. Ставете ги во еден сад да се растопат на средна температура. Додајте ги шеќерот и циметот и пржете 1 минута. Додајте ги чоколадните трошки и оставете ги нека се стопат. Додајте ги бананите и печете ги додека не омекнат, а потоа свртете ги и од другата страна. Тргнете ја тавата од оган и ставете го румот. Вратете ја тавата на оган внимателно и принесете го запаленото кибритче кон тавата, кога оганот ќе се запали тавата тргнете ја од оган.
Сервирајте со сладолед од ванила.
