Ако не сте на диета пробајте го, зошто во една чаша има 220 калории
Потребни состојки:
– 6 дл кафе
– 100 гр бела чоколада
– 50 гр шеќер
– 0,5 дл коњак или виски
– шлаг за декорација
Подготовка:
На тивок оган растопете ја чоколадата со малку вода и додајте го шеќерот. Сипете го кафето без талогот. Тргнете го садот од оган и додајте го вискито. Потоа ставете го садот во фрижидер убаво да се излади.
Сипете го кафето во стаклени чаши и декорирајте со шлаг.
Уживајте…
