ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 грама пченично брашно
250 мл млеко
Еден квасец
Лажица шеќер
Лажичка рузмарин
30 мл маслиново масло
Лажичка сол
Бибер
100 грама ситно исечкани бадеми
150 грама сечкани маслинки (црни и зелени)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад ставете брашно, квасец, шеќер, рузмарин, црн пипер, сол и 20 мл маслиново масло. Пополека додавајте млако млеко и замесете мазно и еластично тесто. Од тестото се направете топка, премачкајте го со маслиново масло, покријте го со фолија и оставете го на топло место околу половина час. Во стасаното тесто додадете ги ситно исечканите бадеми и маслинки, повторно измесете го, формирајте векна, ставете ја во калап и ќе оставете го уште половина час. Загрејте ја рерната на 200 степени, ставите го леб да се пече околу 40 минути.
Совет
За чабатата да испадне покрцкава, тавата или калапот во кој ќе се пече ставете го во сад наполнет со вода.
